Home УмниБус Здравје Сакате здрави гради? Пробајте со оваа храна

Сакате здрави гради? Пробајте со оваа храна

0

Иако не сите доктори се согласуваат за тоа дали постои директна врска помеѓу исхраната и намалениот ризик за добивање рак на дојка, ништо не ве чини во исхраната да додадете намирници за кои многумина велат дека се одлични за спречување и борба против оваа болест.

Сладок компир

Ако сакате здрави гради, треба да јадете храна во боја на виножитото. Под ова се разбира, секако, не спаѓаат шарените бомбони, туку овошје и зеленчук во различни бои.

Некои студии покажуваат дека жените кои јадат многу зеленчук богат со каротин имаат помал ризик за добивање на одреден тип рак на дојка. Па морковот, тиквата и слаткиот компир се плодови кои содржат каротин и многу други здрави материи.

Лосос

Не дозволувајте да ве заплаши што оваа риба содржи многу маснотии. Масната риба е полна со здрави масти, кои се добри за вашето тело, особено омега-3 масни киселини, кои се поврзани со подобрување на рак на дојка, како и намалување на ризкиот од добивање. Студија покажала дека жените кои земаат храна богата со оваа киселина има 14 проценти помалку шанси за развој на рак на дојка. Идеална количина е два пати неделно да се јаде порција од некоја мрсна риба. Ако не сакате лосос, сардина е добра алтернатива.

Чај

Чај, а особено зелениот чај, содржи огромни количини антиоксиданси кои влијаат на ракот на дојката. Една голема студија, спроведена на 181 американци со јапонско потекло, покажа дека жените кои пијат најмалку една чаша зелен чај на ден имаат помал уринарен естроген, кој е поврзан со рак на дојката, од оние кои не пијат чај. Но, тука не спаѓаат готовите чаеви кои се купуваат во шишиња. Ако сакате да бидете здрави, направете го чајот дома, природен и без шеќер.

Калинки

Овој светло-црвен плод одамна се поврзува со многубројни здраствени бенефиции. Меѓутоа, во последно време се повеќе се покажува како ефикасен борец против ракот на дојката. Поточно, калинките содржат елагична киселина, која го успорува производството на естроген, а со тоа и забавување на растот на ракот кој зависи од хормоните. Докторите советуваат секојдневно да се јаде калинка, затоа што е одлична во спречувањето на појава на рак. Ако не сакате калинки, можете да земете малини, јагоди, боровници или ореви, кои исто така се богати со елегична киселина.

Печурки

Една голема студија во која биле вклучени 2000 жени од Кина, покажала дека оние жени кои јаделе барем 10 грама свежи печурки дневно имаат за третина помал ризик од добивање на рак, од оние кои воопшто не јадат печурки. Доколку со тоа јадење пиете и зелен чај, ефектот бил дупло поголем и подобар. Иако научниците не знаат точно зошто оваа комбинација е толку добра, доволно е да знаете дека секој пат кога ја јадете оваа комбинација правите услуга на своето тело.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here