Спектакларен замок – Ластовичко гнездо

Сместен врз работ на 40-метарска карпа, овој неоготски замок сигурно е последното што очекувате да видите во Крим. Замокот Ластовичко гнездо (на англиски Swallows Nest) се издига на скалата Аурора во близина на Јалта како љубопитен спомен од царската Русија.

Првично тука се наоѓала мала дрвена куќичка изградена по наредба на руски генерал околу 1895 година.  Неколку години подоцна имотот бил  купен од лекарот на кралот, а потоа станал  сопственост на германски индустријалец. Токму тој ја срушил  куќата и на нејзино место изградил палата во неоготски стил, што е исправена на карпите и до денес.

Средновековниот замок  бил изграден буквално на работ на карпата, со тоа што  делови од балконите му лебдат  во воздухот. Целата зграда изгледа како во секој момент  да ќе се преврти во Црното Море.

Иако  издржа земјотрес од 6,7 степени по Рихтер  во 1927 година, самата зграда не е сериозно оштетена, но истото не важи за скалата на која се наоѓа. На неа се појавува голема вертикална пукнатина и Замокот е затворен за посети повеќе од четири децении, бидејќи се смета за опасен.

Во 1968 година започна реновирањето на зградата во обид да се направи безбеден за посети. Инженерите додадоа голема бетонска плоча во карпата, за да се затнат  пукнатините  формирани од земјотресот. Во 1975 година во замокот е отворен италијански ресторан, кој работи и до денес. Поради локацијата  тврдината била користена  во бројни советски филмови. Денес таа е една од најпознатите туристички атракции во Украина.

- Реклама -