115-годишната Томико Итока стана најстарата личност во Јапонија

Томико Итока, 115-годишна жена од Ашија, град во западна Јапонија, стана најстарата личност во таа земја откако неодамна почина 116-годишната жена која претходно ја носеше таквата „титула“.

Ова денеска го соопшти јапонското Министерство за здравство.

Итока е родена на 23 мај 1908 година во Осака и како најстара меѓу своите три браќа и сестри.

Кога првпат дошла во домот за стари лица во Ашија во 2019 година, сè уште можела сама да се движи наоколу, но денес мора да користи инвалидска количка за да стигне до дневната соба, велат вработените во домот.

Итока ужива во слатки и обожава пробиотски пијалоци, вели персоналот.

Нејзиниот роденден се слави секоја година, а годинава, интересно, роденденот ѝ го честиташе „најмладиот градоначалник во историјата на Јапонија“.  Се работи за градоначалникот на Ашија, Риосуке Такашима, кој има 26 години.

Итока стана најстарата личност во Јапонија по смртта на 116-годишната Фусa Тацуми, која почина во вторникот. Новата рекордерка, меѓутоа, допрва треба да биде известена дека е најстарата во Јапонија, бидејќи моментално има грип и се чека да се опорави пред тоа да ѝ биде соопштено, велат од домот.

- Реклама -