Хоризонтален туш од Dornbracht

Постојат пронајдоци кои не би требало да бидат повторно измислени. Еден таков пронајдок е тушот, но тоа не го спречило германскиот произведувач на санитарија Dornbracht во создавањето на Хоризонталниот Туш, нелегитимното дете на када и туш.

Хоризонталниот Туш се вградува во ѕидот на вашата огромна бања и има голема рамна платформа на која се лежи и друга платформа над неа која содржи неколку тушеви. Вие легнувате на мермерниот кревет и го вклучувате тушот.

Тушот е опремен со контролер наречен eTool кој овозможува насочување на текот на одредени тушеви и избирање од неколку програмирани типови на туширање. Контролерот исто така ќе ви овозможи да ја контролирате и температурата и интензитетот на водата.

Хоризонталниот Туш од Dornbracht наскоро ќе биде пуштен во употреба. Цената сè уште не е највена, но ако можете да си ја дозволите куќата со огромната бања која е потребна за неговата инсталација, тогаш цената најверојатно нема да биде проблем. [Horizontal shower is like a car wash for human bodies]

- Реклама -