Руски народен лек за грло

Проверен и едноставен, но ефикасен.

За приготвување на овој руски народен лек ќе ви биде потребна 1 поголема главица цвекло и 9-процентен алкохолен оцет.

beetroot-grated[1]

Изрендајте го цвеклото на ситно ренде. На 250 грама изрендано цвекло, ставете 1 супена лажица од оцетот (на 500 грама – 2 супени лажици, се разбира). Промешајте и оставете смесата да отстои околу 15-20 минути. Добро процедете ја преку газа или пластична цедалка. Остатокот од цвеклото можете и да го фрлите.

Грлото треба да го испирате со смесата на секои 2-3 часа, а за подобар ефект можете и да проголтате.

Овој домашен лек е познат како многу ефикасен метод против воспаленија на грлото и гнојна ангина. Пробајте, а за резултатот ви гарантира долга руска традиција.

- Реклама -