Парфем во пилула

Прочитај повеќе...Наскоро ќе можете да се ослободите од дезодорансите и скапите парфеми. Инспирирани од одредени видови храна како што е кромидот или аспарагусот чија миризба се чувствува на кожата, урината и потта на оној што ги конзумира, тим од бразилски истражувачи измислија пилула која ја заменува непријатната телесна миризба со многу попријатна.

fyber.jpgНаскоро ќе можете да се ослободите од дезодорансите и скапите парфеми.  Инспирирани од одредени видови храна како што е кромидот или аспарагусот чија миризба се чувствува на кожата, урината и потта на оној што ги конзумира, тим од бразилски истражувачи измислија пилула која ја заменува непријатната телесна миризба со многу попријатна.

После три години истражување тимот бразилски истражувачи ја промовираа новата пилула која откако ќе се испие ослободува миризба на лаванда преку потта. Пилулата не предизвикува контраефекти колку што досега е познато, a дури и една состојка која ја содржи помага во контролирањето на холестеролот и дебелината.

На изнeнадување на пронаоѓачите како неочекувана придобивка на пилулата се покажа дека таа функционира и при лош здив.

Сепак се уште се потребни понатамошни истражувања пред здраствените авторитети да ја дозволат нејзината продажба.  

- Реклама -