Билката што лечи се, освен смртта

Црниот кумин (Nigella Sativa), познат и како црно семе, е една од најпознатите и најупотребувани билки во историјата на медицината. Го користеле дури и во древниот Египет, и тоа за подобрување на варењето, за настинки, главоболки, инфекции и забоболки. Пронајден е и во гробницата на фараoнот Тутанкамон, се спомнува и во Библијата, а исламскиот пророк Мухамед го нарекува „Лек за сите болести, освен за смртта“.

Nigella Sativa
Nigella Sativa

Повеќе од 200 истражувања, спроведени на разни универзитети, укажуваат на тоа дека црниот кумин позитивно влијае на низа болести, посебно автоимуните – мултиплекс склероза, реуматски артритис, псоријаза, астма, алергии и алергиски ринитис. Исто така, ги намалува холестеролот и триглицеридите, а ги ублажува дијабетесот, високиот крвен притисок, акните, бронхитисот, воспаленијата на белите дробови и синусите, гастритисот, чировите, инфекција со хеликобактер, болестите на црниот дроб, хроничниот замор, слабата циркулација, карциномите, а особено е од помош за оние што подлежат на хемотерапија и зрачење.

Маслото од црн кумин се користи за намалување на вредноста на шеќерот во крвта – го стимулира панкреасот да лачи инсулин, а воедно и ја зголемува чувствителноста на клетките кон хормонот, правејќи го поефикасен. Особено делува на дијабетес тип 2. Последните истражувања го докажаа и анти-туморското дејство и способноста да помогне при лечењето на карцином – директно делува на малигните клетки и ја зголемува одбранбената моќ на организмот.

corekotu[1]

Дополнително, клинички е докажано дека црниот кумин ги ублажува симптомите на алергиите, алергискиот ринитис и алергиската астма, а неговото масло ги проширува дишните патишта и го олеснува дишењето. Неговите антибиотски особини го спречуваат развојот на секундарните бактериски инфекции, кои често се јавуваат заедно со сезонските алергии. Со помош на црниот кумин, организмот постепено ја зголемува отпорноста на алергенси и поблаго реагира при средбата со нив.

Уште еден плус е неговото дејство на кардиоваскуларниот систем. Зајакнувајќи ги крвните садови и зголемувајќи ја нивната еластичност, црното семе помага при регулирање на артерискиот притисок.

- Реклама -