Зошто маглата e опасна за здравјето?

Главниот град  Скопје и делови од земјава се во магла.  Колку, сепак, луѓето знаат да се справуваат со ваквото време и се свесни за последиците кое ги предизвикува истото?

Добро е да се знае дека маглaта е опасна најмногу за луѓето со вирусни инфекции или со респираторни заболувања. 

Ризикот доаѓа оттаму  што маглата претставува кондензирана пареа која се шири до почвата , т.е. на нивото кое го дишеме. Околу самите водени честички сепак се собираат други цврсти прашкасти честички , а исто така и вируси и бактерии .

Тешките  честички ја пробиваат нежната слузокожа на горните дишни патишта, пружајќи  можност за многу полесно развивање  на вирусите и бактериите.

Освен тоа маглата го  помага развојот и  на акутните респираторни заболувања , кои масовно циркулираат во моментов , и обезбедуваат можност за полесен напад на организмот од страна на грип.

За кого маглата е најопасна ?

Маглата  впива , слично на сунѓер , разни штетни честички од воздухот . Таа се одразува најлошо на луѓето со астма и други хронични заболувања . Често болните се соочуваат со потешкотии со дишењето ,  се задишуваат при  најмал напор како искачување по скали или брзо одење.

Маглата се одразува лошо и на луѓето со проблеми во зглобовите и коските. Болните од артритис и остеопороза може да почувствуваат влошување на симптомите во текот на подолг маглив период.

Маглата  се одразува непријатно и на болните од сезонскиот грип или настинка. Магливото време ги влошува симптомите  како треска и кашлица .

Меѓу најранливите при магливо време се доенчињата и малите деца.

Депресија

Магливото време може да  влијае и на емоционален план . Магливите денови  често влијаат на нашето расположение . Психолозите велат дека почувствителните луѓе продолженото  магливо време може да ги турне во  депресивна состојба .

Како да се намалат негативните ефекти од маглата ?

Во случај да  работите на отворено или ви се наметнува долго време да одите во маглата , еве неколку совети како да се чувствувате подобро .

Пијте жешки течности , што може , почесто
Дишете преку нос. Тој е природен филтер на валканиот воздух.
Дишете во шал , но не повеќе од неколку минути. Бактериите онака ќе заглават во  него .

- Реклама -