Веган- исхрана некогаш беше резервирана само за хипиците, но денес е многу популарна и распространета. Познатите личности, како Бил Клинтон, Џеј Зи и Бијонсе го пропагираа овој начин на исхрана како најздрав, но и најхуман. Меѓутоа, пред да се откажете од храната од животинско потекло, потребно е да се информирате за тоа во што се впуштате.
1. Семејството и пријателите ќе ве распрашуваат
Луѓето се многу чувствителни кога станува збор за храната, и тешко им е да прифатат дека треба да променат некои навики кои со години и децеении се исти. Затоа пробајте со нив да разговарате, така за тие да разберат дека тоа вие го правите само за себе, и дека тоа не значи дека и тие треба да одат по вашите стапки. Ако почнат да ви објаснуваат дека тоа не е здраво и природно, едноставно кажете дека вам ви одговара и дека се чуствувате добро.
2. Ќе ви биде потребен витаминот Б12
Овој витамин природно се наоѓа само во храната со животинско потекло. Затоа овој витамин Б12 ќе треба додатно да го земате како суплемент. Тој го оддржува здравјето на нервите и крвните клетки, а помага и во создавањето на ДНК. Недостатокот од овој витамин може да доведе до умор, слабост, запек, нездраво губење на тежина, проблеми со нервите и депресија. Консултирајте се со вашиот лекар околу тоа дали ви е портребен, и на кој начин да го внесувате.
3. Можеби ќе ви треба и железо
Железото постои во две форми: хем и не-хем. Хем железото полесно апсорбира, а се наоѓа само во храната од животинско потекло. Веганската храна има доста не-хем железо, кое тешко се апсорбира, па многу вегани земаат суплементи. Добар извор на железо за веганите се мешунките, сончогледот, сувото грозје и темнозелено лиснат зеленчук. Храната богата со витамин Ц, како што е цитрусот, брокулата и црвената пиперка, помагаат во апсорбирање на железото.
4. Ќе ви биде потребен нов извор на протеини
Протеините се суштинска компонента во човековата исхрана, и секој оброк треба да ги содржи. Тие се разложуваат во аминокиселини, кои го поттикнуваат растот и развојот на клетките. Поради отсуството од месо во веган храна, ќе биде потребем нов извор на протеини. Се препорачува дневна доза од 0.8 грама протеини на секој килограм телесна тежина. Најдобар избор за веганите е природната соја, леќа, грав, печурки.
5. Немојте храната од животиско потекло да ја замените со нездрава храна
Ако сте одлучиле да станете веган, тогаш сигурно сте го направиле тоа за да бидете здрави. Затоа добро размислете за тоа што јадете, бидејќи се што е од растително потекло не е и здраво. Како веган, можете да јадете помфрит, чипс и разни закуски (од кои ќе бидете само погладни), но тоа не значи дека треба да ги јадете. Исто така избегувајте големи количини на леб и тестенини.
6. Не претерувајте со соја
Иако сојата се промовира како здрава храна, научниците сеуште се расправаат колку тоа е вистина. Многумина тврдат дека сојата не е воопшто здрава, но повеќето сепав велат дека не штети доколку не се претерува со нејзина конзумација.
7. Не мора се одеднаш на исфрлите
Не очекувајте дека еден ден ќе се разбудите како вегани. Тоа е тешка транзиција, и бара доста труд и време. За почеток внесете што повеќе растителни производи во исхраната, а во исто време почнете да ја намалувате храната од животинско потекло, особено онаа која не е органска. Постепените промени ќе ви помогнат целосно да ја смените вашата исхрана, без да бидете под стрес околу тоа.
8. Ќе бидете посреќни
Причината е многу едноставна: исхраната базирана на растенија содржи помалку арахидонска киселина, која негативно може да влијае на расположението.
9. Подгответе се да ја читате листата на состојки
Само затоа што некој артикл делува како растителен или посен, не значи дека е. Сурутка и казенин се чести компоненти во интегралните снегулки и мусли, а желатинот кои се наоѓа во многу слатки е од животинско потекло.
10. Не мора да биде поскапо
Месото е најскапата храна, но луѓето мислат дека веганската храна е поскапа затоа што се купува повеќе и различни видови на храна. Кога од листата на купување ќе го исфрлите месото, јајцата и сирењето, ќе видите дека ќе имате доволно пари за да купите свежо овошје и зеленчук колку што ќе сакате.
11. Растенијата имаат доволно калциум
Еден од најголемите аргументи против веганската исхрана е недостатокот на калциум, поради избегнувањето на млечните производи. Но, кељот, бадемите, сојата, смоквите и сусамот изобилуваат со калциум, како и житните култури кои дополнително ја збогатуваат храната. Сојата и зелениот лиснат зеленчук, исто така, содржат многу витамин Д, кој помага на телото да го апсорбира калциумот.