Coca-Cola историја:Милијарди меурчиња во милијарди долари

1_cokeЦелата историја започнала во Ноксвил, Џорџија, каде во 1833 се родил
Џон Пембертон, славниот основач на Кока Кола. Младиот Пембертон не
гледал некоја перспектива во своето родно гратче, па со жена си и со
диплома по хемија во џебот отишол во Колумбус, каде отворил своја
хемиска работилница во која експериментирал и правел нови производи.


lg_coca-cola_classic_bottleЦелата историја започнала во Ноксвил, Џорџија, каде во 1833 се родил Џон Пембертон, славниот основач на Кока Кола. Младиот Пембертон не гледал некоја перспектива во своето родно гратче, па со жена си и со диплома по хемија во џебот отишол во Колумбус, каде отворил своја хемиска работилница во која експериментирал и правел нови производи.

По четиригодишната граѓанска војна во САД, нашиот јунак решил да започне нов живот, преселувајќи се во Атланта, каде отворил аптека. Неговиот неостварен сон бил да направи оригинален производ, кој ќе им се допадне на луѓето. Така во 1885 година, аптекарот смислил тоник, French Wine Cola, многу сличен на денешната Кока Кола. Со време Пембертон го отфрлил алкохолот од него, додал други билни екстракти и добил нов сируп, кој пред се бил за лечење на главоболка.
   
И легендата за најпродаваниот пијалок на светот започнала: во неделата, на 8 мај 1886 година, во малата аптека во Атланта е продадена првата чаша од овој необичен пијалaк, кој се состоел од сируп и газирана вода.
 
Господин Робинсон, партнерот на Пембертон, ја нарекол Кока Кола Сируп и Екстракт, но на Пембертон повеќе му се допаднало да остане само Кока Кола, како што и било решено.

Првата реклама за Кока Кола била објавена во градскиот весник, на 29 мај 1886 година. Пијалакот бил спремен за продажба, но се чини не и јавноста. Првата година се продале само 94,5 литри, или 13 чаши дневно, секоја по 5 центи. Пембертон потрошил повеќе за реклами отколку што заработил, а и бил во поодминати години, па започнал да бара сериозен партнер, за работата целосно да не му пропадне.

Единствениот кој го почуствувал големиот потенцијал на Кока Кола бил Ејза Г. Кендлер, млад и амбициозен трговец од Атланта. По смртта на Пембертон, Кендлер успеал да стане единствен сопственик на Кока Кола. Тој ја откупил целата опрема за производството на напитокот и чудесната тајна формула за само 1200 долари!

Во 1890 година Кендлер ги напуштил сите други бизниси кои ги водел, за да со душа и тело се посвети на успехот на напитокот. Заедно со неговиот брат и  неколку пријатели на 29 јануари основал друштво кое и ден денес постои – The Coca Cola Company.

Кендлеровата вера во производот набргу била наградена: бизнисот напредувал се подобро од година во година, така да веќе во 1895 отворил фабрика во Далас, а потоа во Чикаго, Лос Анџелес и Филаделфија. Во 1913 година продале дури 24.570.000 литри Кока Кола, за разлика од 94,5 литри колку што продал Пембертон.

Во историјата на Кока Кола имало луѓе кои се појавувале на вистинско место во вистинско време. Еден таков бил и Бенџамин Томас. Според „легендата“ Томас доживеал визија додека бил на одмор во Куба, каде открил некој си локален газиран пијалок со вкус на ананас кој се продавал во шишиња. Кога се вратил од одмор, договорил состанок со Кендлер на кој му предложил да ја продаваат Кока Кола во шишиња. Кендлер се согласил и му дал дозвола на Томас да ја продава Кока Кола во шишиња низ целиот САД. Од тогаш па наваму, Кока Кола се полни во препознатливи шишиња, кои потсетуваат на женско тело, а дизајнот е веројатно инспириран од долгите здолништа носени во тој период наречени hobbleskirts.

- Реклама -