Заврши случајот: Нема докази дека Дијана е убиена

Британската полиција не успеала да пронајде веродостојни докази за повторно отворање на истрагата за смртта на принцезата Дијана, нејзиниот пријател Фаед и нивниот возач во автомобилската несреќа во Париз во 1997 година, објави Скај Њуз, повикувајќи се на извори во британската полиција. Во август полицијата соопшти дека добила нови информации за случајот. Медиумите почнаа да шпекулираат дека во нивната смрт бил вклучен припадник на британската војска.

Смртта на принцезата Дијана поттикна сомнежи за убиство кои ги гаи јавноста со години. Омилената принцеза сепак ќе остане запаметена како една од најхаризматичните личности кои некогаш воопшто постоеле.

- Реклама -