Home УмниБус Убавина Најдобрата стратегија против првут

Најдобрата стратегија против првут

0

Во ладните месеци обично создавањето на првут зема поголем замав.
Кога упорниит првут не сака да се отстрани потребно е да побарате совет од дерматолог, бидејќи истиот некогаш може да означува предвесник на некои кожни заболувања. Ако првутот се јавува повремено обидете се да го отстраните следејќи неколку совети.

Чето миење на косата

Првутот може да го добијат оние со масна, како и оние со сува кожа. Дерматолозите советуваат почесто миење на косата дури и на оние со масна кожа, бидејќи со помош на шампонот истиот може да се отстрани со често миење. Доколку шампонот сепак не ви одговара, обидете се со медицински.

Правилно шампонирање

Ако користите некој шампон поради пријатната миризбам голем сјај или за одржување на бојата на косата, обавезно нанесете го по шампонот за отстранувње на првут. Шампонот против првут би требало да стои пет до 10 минути на косата за да делува.

Билни лекови

Првутот може да се излечи со билни лекови, како шампон или маски. Се советува косата да се измие со чај од темјан или рузмарин. Кромодот исто така помага при отстранување на првутот поради сумпорот во својот состав, а се користи свеж. Преполовете го и истријте го темето.

 

Значењето на исхраната

Витаминот B е важен сојузник во борбата против првутот, а можете да го пронајдете во месото или рибата. Детоксикацијата на организмот со помош на чај од нане, исто така ќе го намали овој проблем.

Помалку чешлање

Кај чешлањето со долги движења ја повлекувате четката од коренот кон врвовите. Острите чешли и пластичните четки дополнително го оштетуваат темето на кожата и го влошуваат проблемот, па додобро би било да користите четки со природни материјали. Експертите советуваат да ја чешлате косата еднаш во денот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here