Ем iPad, ем бричена глава

Еден трговски центар во Русија осмислил необична наградна игра за своите купувачи. Имено, секој кој ќе се согласел да му ја избричат главата, добивал награда – iPad, а целиот настан се одвивал пред очите на останатите муштерии.

Особено интересни се реакциите на женските учеснички, на кои очигледно им било тешко да ги сокријат емоциите за време на шишањето. Сепак, и покрај оние што се покајале, во најголем дел, реакциите се позитивни. А и зошто не би биле, кога овие девојки изгледаат прекрасни дури и со шишана глава?

 

- Реклама -