ФБИ може тајно да ја вклучи веб-камерата на било кој лаптоп

Запрепастувачки, но како што објави The Washington Post, FBI е способна тајно да ја активира веб-камерата на било кој лаптоп. И тоа, на начин на кој нема да се запали сијаличката што му дава на знаење на корисникот дека камерата е во функција. Се чини дека ФБИ ја поседува оваа способност веќе неколку години.

Маркус Томас, поранешен асистент директор на Дивизијата за операционална технологија на ФБИ, за весникот изјави дека овој морничав метод на следење ГЛАВНО се користи во случаи на тероризам и сериозни криминални истраги. Сепак, самата идеја дека некоја организација може да ве набљудува преку вашиот компјутер, без ваше знаење, е апсолутно вознемирувачка.

webcam[1]

Целата работа се откри при потрагата на ФБИ по извесен Мо – осомничен за тероризам. Во написот што го објави The Washington Post, може јасно да се види до кој степен напредувало онлајн-набљудувањето, но и начините на кои ФБИ користи инвазивен софтвер за да дојде до податоци за осомничените.

- Реклама -