Ибрахимовиќ: Не ми треба Златна Топка за да знам дека сум најдобар

Ѕвездата на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ во свој препознатлив стил го искоментира доделувањето на Златната Топка.
Швеѓанецот е уверен во своите квалитети, смета дека е најдобар фудбалер и не му треба награда за да го потврди тоа.

„Не ми е потребна Златната Топка за да знам дека сум најдобар” – вели Ибрахимовиќ.

„Таа им значи повеќе на некои други фудбалери”.

„Златната Топка не е нешто за кое размислувам, не ми е значајна мене”.

Според обложувалниците, Кристијано Роналдо е главниот фаворит за Златната Топка оваа година, по него следуваат Рибери и Меси.

Teкстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk

- Реклама -