Најскапата гозба во историјата

close_up_bronze_pearl_and_cz_swishesПоттикнати од приказната за Клеопатра и за Марк Антониј за најскапата
гозба во историјата, научниците се заангажирале да докажат дали е можно
бисерите да се растопат во оцет. За таа цел бил ангажиран хемичарот
Сајмон Дејвис.


20060829ho_moviepearls_230Поттикнати од приказната за Клеопатра и за Марк Антониј за најскапата гозба во историјата, научниците се заангажирале да докажат дали е можно бисерите да се растопат во оцет. За таа цел бил ангажиран хемичарот Сајмон Дејвис.

Приказната вели дека египетската кралица се обложила на голема сума пари дека може да ја приреди најскапата гозба во историјата. Марк Антониј прифатил. Кога отишол на гозбата ја нашол Клеопатра сама крај маса со само еден пехар пред себе. Тукушто помислил дека многу лесно го добил облогот, останал изненаден кога таа ги извадила своите бисерни обетки и ги пуштила во пехарот во кој имало оцет. Бисерот се растопил, а кралицата ја испила содржината. Нејзиниот бисер бил најголем на светот, а секоја обетка вредела колку 15 кралства. Антониј го признал поразот и си го платил долгот.

Бисерите настануваат во внатрешноста на оклопот на школките, кога некое непознато тело, на пример зрно песок, ќе се заглави во нив. Како заштитен механизам школката произведува слоеви органска материја – седеф, со која го обвиткува туѓото тело и го заштитува нејзиниот организам. По хемиски состав е карбонат.

Оцетот, пак, е киселина, која содржи 5 отсто оцетна киселина, а основните правила на хемијата велат дека при спојување карбонати и киселини мора да дојде до реакција. Тоа значи дека кога бисерот ќе го потопиме во оцет, шумејќи ќе се растопи и ќе се претвори во карбондиоксид, пенлив калциум и остатоци од оцетната киселина. Ваквата напивка во голема мера се разликува од самиот оцет, а во 1 век се верувало дека е афродизијак. Можеби затоа Марк Антониј ја оставил својата жена поради Клеопатра.

Бисерот ќе се растопи во оцетот само ако е вистински. Сепак, ваквиот начин не е најпогоден за проверка дали поседувате нешто скапоцено или фалсификат, зашто ќе ви остане само афродизијакот. За проверка на веродостојноста подобро е само да капнете оцет на бисерот и ако забележите шумлива реакција – брзо избришете го, вашиот бисер е вистински. виа.

- Реклама -