BMW со нова Серија 7 ова лето

Обновената Sерија 7 на BMW треба да им биде на располагање на дилерите во Европа по два месеци. Ова го соопшти шефот на концернот Норберт Рајтхофер.

Во надворешноста на седанот се очекува модернизација на неколку детали, односно редизајн ќе има на предниот браник, решетката на ладилникот и тркалата. Корекциите на технички план, сепак се доста посериозни, бидејќи седанот ќе добие и нови мотори. Меѓу нив се бензинските осумцилиндерски агрегати, како и шестцилидерските дизел мотори.

Она што предизвикува посебно внимание е најавата за моторот со 3 турбини, 381 КС и 740 Nm, кој се поставува на моделите од семејството М Performance. Не се знае дали тој ќе биде достапен за сите верзии на BMW Серија 7 или ќе видиме специјална модификација на „седмицата“, што ќе биде дело на М GmbH.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -