Чоколадно задоволство: Баунти штанглици

maxresdefault[3]

Веќе ви ги понудивме рецептите за Сникерс и Киндер тортите и домашната Нутела. Нешто недостасува на листата на слатки задоволства? Се разбира да, тоа е оној совршен спој на кокос и чоколадо – Баунти штанглици. Со овој рецепт можете да ги направите и дома.

Потребни состојки:

200 гр. кокос
100 мл. слатка павлака
70 гр. шеќер во прав
70 гр. путер
и 200 гр. чоколадо за готвење.

Kako da napravite Baunti štanglice

Подготовка:

Во тенџере, ставете го кокосот и шеќерот во прав. Во друго тенџере загревајте ги слатката павлака и путерот на тивок оган, се додека путерот целосно не се растопи. Добиената смеса оставете ја да се олади.

Откако ќе се олади, прелијте ја со кокосот и шеќерот во прав. Мешајте се додека не се добие густа и цврста смеса.

Добиената мешавина можете да ја обликувате на 2 начина: Првиот, и полесен, е да се израмни во тепсија, како при правењето бајадери. Но ако сакате што подоследно да го доловите совршениот сооднос на кокос и чоколадо на Баунти чоколадите, обликувајте го тестото  во штанглици и наредете ги на алуминиумска фолија. Без разлика кој метод ќе го одберете, по обликувањето, смесата се става во ладилник за да се стегне. Потоа, прелијте ја, или ако сте направиле штанглици – потопете ги, во растопено чоколадо. Добиената смеса повторно се става во ладилник за да се стегне. Следниот чекор е – уживајте!

Десертот се служи ладен.

- Реклама -