Наједноставен рецепт за домашна Нутела

Чоколадниот крем кој сите сме го краделе од кујнските полици и без кој не можеме да ги замислиме палачинките, сега може да си го подготвите сами.

Тајниот рецепт на популарната Нутела го смислил Италијанецот Пиетро Фереро во 1942 година. До денеска се збогатувал со разни состојки. Ви предлагаме наједноставен рецепт за подготовка на Нутела во домашни услови.

Homemade-Nutella1

Состојки: 2 чаши лешници, 1 чаша шеќер во прав, 1/3 шолја какао во прав, 2 лажици масло од лешник (иако вкусот нема да биде ист може да користите обично растително масло), 1 лажичка екстракт од ванила, прстофат сол

Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Исчсиете ги лешниците од тврдата лушпа и печете ги 12-15 минути. Кога ќе почнат да пукаат тоа е знак дека се готови. Оставете ги да се оладат па исчистетете ги од тенката лушпа. Лешниците ставете ги во блендер на голема брзина додека се млаки, добро измиксајте ги се додека не пуштат маснотија и додека не добиете кремаста, речиси течна паста, односно путер од лешници.

Додајте шеќер во прав, како во прав, масло од лешник, екстракт од ванила и сол и добро измешајте во блендер додека сите состојки не се соединат. Смесата мора да биде хомогена.

Смесата ставете ја во стаклен сад со херметички капак и чувајте ја на собна температура. Овој вкусен домашен крем може да трае и до еден месец.

Добар апетит!

- Реклама -