103 полицајци во изолација поради ризик од Ковид-19

Дури 103 полициски службеници заминуваат во самоизолација откако во Единицата за брзо распоредување (ЕБР) беа потврдени седум позитивни случаи на Ковид-19.

58 од полициските службеници добиле решение за самоизолација, бидејќи се смета дека се со среден или висок ризик од зараза. Најголемиот дел од нив престојувале во полициското одморалиште во Охрид во периодот од 8 до 14 мај. Во изолација одат полицајци од Скопје, Тетово, но и од други градови, пренесува „НОВА ТВ“.

Решенија за изолација од Државниот санитарен здравствен инспекторат добија и 18 лица од персоналот во одморалиштето.

Во карантин одат и 12 припадници на АРМ кои исто така престојувале во објектот.

Како што објави „Алсат“, досега 14 од 103-цата полициски службеници се позитивни на Ковид-19. Од нив 8 се од Единицата за брзо распоредување.

Прочитајте и:  Тошковски: Ќе утврдиме јасна и прецизна процедура со дозвола за оружје да се стекне само оној кој ги исполнува сите законски услови за тоа
- Реклама -