Перфекционистката и бикот

И не дека не трагаше по совршенство. Да. Целиот живот беше перфекционистка дури и за најмалите работи. Не ни претчуствуваше дека перфекционизмот ќе и прерасне во опсесија, која ќе ја прогонува понатаму.

Дојде време таа да се запознае со него. Беше толку чист фактот дека тие беа создадени еден за друг. Но, за него, астрологијата велеше дека тој е совршен бик.

Таа не умееше со тврдоглавите како него, па затоа одреден период се повлече. Не дека сакаше, но мораше. За доброто на нивната врска. И замислете, до сега никој не погодил толку колку тој. Сите машки пред него, таа ги нарекуваше битанги, морони, кретени, стаорци…Но тој беше за неа нешто навистина посебно. Од моментот кога го запозна, непрестано мислеше на него.

separation

И денот кога првпат ја погледна во очи знаеше дека тој е оној кој го бараше со години, онаа совршена слика од човек, онаа совршена силуета која можеше да ги исполни сите нејзини сексуални фантазии. Но, тој како да имаше одбивни електрони. Нешто во врска со него беше навистина посебно. Нешто што го одделуваше од другите. Неговите мани и несовршености го правеа совршен. А не дека не беше сексипилен. Ја имаше онаа машкост, и жар за која таа сонуваше со години. Но ете, сега тој не ја сака. Живот брат… Но таа му вети. Ќе го сака до крајот на времето.

Како мало девојче, таа не беше како другите девојки и нејзини другарки кои сонуваа за принц на бел коњ. Таа беше од секогаш изродот, и сонуваше за перфектен кошаркар со костенливи очи и црна катран коса. Тоа беше нејзиното несовршенство. И конечно него го најде, но тој ја одбива. Едноставно таа сакаше се во врска со него. Дури и начинот на кој тој оди. Начинот на кој тој ги движи прстите. А неговата насмевка е нешто најубавото што таа досега го видела.

Сега таа седи на прозорецот пиејќи вино и замислувајќи си го нејзиниот совршен свет со него. Добро. Можеби и таа малку претера. Не постои совршенство. Но во друга рака, тој беше совршен за неа, затоа што ги имаше оние очи во боја на костен, и онаа ведра широка насмевка која го оцртуваше неговото лице. И цело време се врти за она „совршеното нешто“ во него. Епа животот не е совршен, па така и тој. На овој свет, не се бара нешто што е поврзано со перфекционизам. Тоа беше морбидна глупост. Но, тоа и беше во крвта. И ете и сега…Затоа што бараше совршенство, нека си седи сама под прозорецот, наместо да излезеше со некој што ја сака. Некој што ќе ја цени. Но, можеби и неможеше баш она да го има. Можеби, не и беше судено да го има, бидејќи нејзиното срце припаѓаше само на него, а тој не ни имаше срце.

Повеќе од авторот Илиевски Јован прочитајте на неговиот блог.

- Реклама -