Гумени патки:15 години и 27,000км подоцна

223c_pЦели 15 години низ светските океани пловеа „Made in China“ гумени жолти
патчиња, оние пропратни реквизити при капењето во када. Неодамна, цела
армада жолти патки почна да пристигнува на пристаништето во Клајд,
Шкотска.


Цели 15 години низ светските океани пловеа „Made in China“ гумени жолти патчиња, оние пропратни реквизити при капењето во када. Неодамна, цела армада жолти патки почна да пристигнува на пристаништето во Клајд, Шкотска.

223c

Жолти патки, сини желки и зелени жаби испаднаа од контејнер во Пацификот поради невремето пред цели 15 години.

223d

Нивната дестинација требаше да биде Такома, Вашингтон но, наместо тоа тие пропатуваа 27,000км сместувајќи се на Хаваите, а биле видени и на ледениот Арктик. Се очекува нивната следна дестинација да биде Западна Англија.

223a

Играчките значително им помогнаа на научниците во истражувањето на струите во океаните. Компанијата која ги загуби нуди награда од £50 за секоја играчка, иако нивната цена помеѓу заинтересираните е и повеќе од £1,000.

- Реклама -