5. Видео игри
Се мисли дека се измислени во 1972 година кога излегла Мегнавокс Одисеја конзолата.
Всушност, измислени се во 1948, кога Томас Голдсмит Џуниор, професор по физика на универзитетот Фурман, го патентирал својот пронајдок со исклучително лошо избрано име – Забавната направа од зраци од катодна цевка.
Забавната направа била базирана на старите дисплеи од радарите, кои во суштина не биле ништо повеќе од точки на екранот. Си помислил дека може да стави некои слики од вонземјани или сл. врз тие точки и да се добие рудиментарна игра во која ќе се пукаат проектили кон негативците. Покрај тоа што играта била благо речено – за нигде, била и премногу скапа за да се произведува, па така само неколку прототипа биле конструирани.
Втората видео игра се појавила три години подоцна. Британската компанија Феранти го направила НИМРОД, компјутер на кој можело единствено да се игра НИМ и ништо друго.
4. Автоматска врата
Се мисли дека е измислена во 1954 година, од Ди Хортон и Лу Хјуит. Овие двајца тексашани ја дизајнирале првата автоматска врата откако забележале дека ветрот им прави проблеми на луѓето кога се обидуваат да отворат врата. За кусо време двајцата преминале од идеја во реализација, па набргу почнале да настануваат комични ситуации во кои луѓе полека им пристапувале на вратите без кваки, си го штителе лицето со рацете, скептично зачекорувале кон средината, за на крајот со изненадено лице да видат дека вратата се отворила со совршен тајминг.
Измислени се околу 50 година п.н.е., од страна на Херо од Александрија.Тој бил грчки инженер, математичар, иноватор, учител и што уште не, за кој се верува дека живеел приближно во тој период. Измислил многу нешта, но најпознат е по креирањето на аелопилот (еден вид рудиментарна парна машина).
Изумот бил користен за создавање специјални ефекти во текот на религиозните церемонии. Се состоел од олтар кој се поставувал пред тешките врати храмот и систем од јажиња, макари, кофи, вода и оган. Изгледал како џиновска стапица за глувци, но намената му била да ги натера луѓето да помислат дека божјиот здив ги отворил вратите на храмот. Како додатна опрема, Херо дизјанирал и помал апарат кој создавал звуци на труби кога вратите се отворале, зашто е општо познато дека сите богови имаат невидлива труба што ги следи каде и да одат!
3. Пламенофрлач
Се верува дека е измислен во 1901 година од Германците. Рихард Фидлер го создал „фламенверфер“-от за потребите на германската армија, токму на време за да ги задоволи потребите на 20-от век за ужасни оружја кои ја топат кожата на жртвите. Сепак, дури во втората светска војна бил направен пламенофрлач кој можел да испукува непрекинат млаз запалено гориво. Го направиле Американците, а оружјето имало толку ужасен психолошки ефект врз германските војници, што заробените Американци кои ракувале со нив, биле убивани на лице место со сопственото оружје.
Измислен е во седмиот век. Околу 672 година, Сириски бегалец и инженер го измислил тоа нешто што станало познато како грчки оган . Се работело за тајна формула која византиските Грци ја користеле за запалување на бродови во поморските и за палење на формациски распоредени трупи во копнените битки.
Првенствено, се испукувало од бродовите, со помош на рачна пумпа, но подоцна била усовршена и поподвижна верзија која испукувала пламени млазови. Грчкиот оган не можел да се изгасне единствено со вода, се лепел за површината и се запалувал веднаш по контактот.
2. Батерии
Се мисли дека се измислени во 1800 година од Италијанецот Алесандро Волта. Девет години пред тоа, Луиџи Галвани закачил две парчиња метал на ногата од мртва жаба и забележал дека кога го сторил тоа, ногата мрднала. Така открил дека животните генерираат електрицитет, а воедно го воспоставил анимозитетот кој до ден денешен постои помеѓу научниците кои вршат експерименти и жабите.
Галвани дури мислел дека живите организми се единствениот извор на сиот електрицитет. Овој идеалистички поглед на светот, доколку се покажел како вистинит, ќе направел генераторите на електрична енергија денес да имаат карактеристики на хорор филм. Алесандро Волта, од друга страна, ги заменил жабјите нозе со картон натопен во солена вода, создавајќи го она за што се мисли дека е првата батерија во светот.
Батериите се всушност измислени околу 200 година п.н.е.
Во 1938 година, германскиот археолог Вилхелм Кониг открил неколку глинени тегли кои подоцна ќе станат познати под името багдадски батерии. Тие имале асфалтни изолатори, а однатре штрчела железна прачка, обвиткана со бакарен цилиндер. Тестовите покажале дека во нив имало траги од киселина, нешто налик на оцетот. Откако биле направени копии на батериите и биле наполнети со оцет, произвеле помеѓу 0,8 и 2 волти.
Ова откритие покрена многу повеќе прашања отколку што одговори. Колку направи на кои им биле потребни батерии постоеле во тоа време? Дали некој на иноваторот му пристапил со коментар од типот – одличен пронајдок, токму ова ни требаше за да си ги прехраниме семејствата?
Некои научници сугерираат дека батериите се користеле за олеснување болка, а други го побиваат тоа тврдење со простиот факт дека електрична стимулација би била крајно неефективна, во споредба со опијатите кои во тоа време биле широко достапни, како хероин и канабис.
Најверојатно објаснување е она дека тие биле користени за електрично лепење на сребро врз злато, метод кој сè уште се користи во Ирак.
1. Вендинг машини
Се мисли дека се измислени во раните 1880-ти. Во тоа време вендинг машини со монети првпат биле воведени во Лондон за побрзо растурање на поштенски картички и книги.
Американците протестирале, зашто никој не може да се здебели од читање, па затоа набрзо Томас Адамс компанијата за гуми за џвакање, започнала да дистрибуира машини за продажба на гуми за џвакање и чоколади, во метрото во Њујорк. Изумот потоа бил раширен за да ги задоволи сите основни потреби на луѓето: цигари, грицки и употребувани гаќички кои ги носеле ученички.
Всушност измислени се околу 215 г.п.н.е. и 100 година, од, кој друг ако не Херо од Александрија.
Неговата вендинг машина се користела за продажба на света вода во храмовите во Египет. Функционирала на ист начин како и денешните машини, луѓето ставале парички во горниот дел, а измерено количество света вода излегувало од долниот дел. На крајот од денот, се празнеле паричките, а се полнела водата.
Веројатно се случувало и тогаш, како и сега, некој да стави парички, а да не добие ништо. Веројатно и тогаш резултатот бил ист – многу пцовки и клоци на машината…
[10 пронајдоци измислени далеку порано одошто се мисли (1. дел)]