Паметните луѓе отсекогаш се учеле на туѓите грешки. Но, подеднакво добро може да се извлече некоја животна мудрост и од успешните постапки. Затоа, следува пресек од навиките на среќните двојки.
Паметните луѓе отсекогаш се учеле на туѓите грешки. Но, подеднакво добро може да се извлече некоја животна мудрост и од успешните постапки. Затоа, следува пресек од навиките на среќните двојки.
1. Легнувајте си во исто време
Двојките кои се успешни, избегнуваат легнување во различни интервали. Кога одите в кревет во исто време, тоа ве потсетува на времето кога едвај сте чекале да останете насамо. Дури и ако не можете да бидете интимни поради некоја причина, самата блискост ќе претставува своевидна интимност.
2. Развивајте ги заедничките интереси
По поминувањето на првичниот наплив на страст, најголем дел од двојките сфаќаат дека немаат голем број заеднички интереси. За врската да продолжи да биде успешна и да предизвикува чувство на среќа, мора да се развиваат тие заеднички интереси кои постојат. Дополнително, успешните двојки наоѓаат нови активности во кои двајцата партнери уживаат. Истовремено, не заборавајте да ги развивате и сопствените интереси. Ова ќе ве направи интересни за партнерот, а ќе покажете и дека не сте премногу зависни.
3. Одете еден покрај друг или држете се за рака
Кога се шетате, важно е никој да не заостанува. Среќните двојки секогаш удобно одат еден покрај друг или се држат за раце, зашто знаат дека е поважно да бидат со партнерот отколку да ја разгледуваат околината.
4. Секогаш имајте доверба и научете да простувате
Секогаш, а особено по расправии и караници, среќните двојки знаат како да си простат и имаат доверба еден во друг. Сомнежот и недовербата само го постилаат патот до крајот.
5. Фокусирајте се на она што партнерот го прави како што треба
Ако барате недостатоци, секогаш ќе ги најдете, затоа што никој не е безгрешен. Среќните двојки знаат дека треба да се фокусирани на она што нивниот партнер го прави како што треба. А, ако ги побарате добрите нешта, ќе ги најдете и нив.
6. Прегрнете се веднаш штом ќе се видите по работа
Човечката кожа има меморија за добри допири (прегратки), лоши допири (малтретирање) и никакви допири (запоставување). Двојките што се пречекуваат со прегратки ја држат својата кожа постојано во фаза на добрите допири. Ова создава чувство на среќа и одделување од анонимноста.
7. Кажувајте си „те сакам“ и „имај убав ден“ секое утро
Ова е добар начин за подигнување на нивото на трпение и толеранција, пред двајцата партнери да тргнат во својот работен ден, исполнет со сообраќајни метежи, чекање во редици и други непријатности.
8. Кажувајте си „добра ноќ“ секоја вечер, без разлика како се чувствувате
Кажете му добра ноќ на партнерот, дури и ако сте налутени или вознемирени. Ова јасно ќе му стави до знаење дека сакате да сте во врска и покрај евентуалната негова грешка и дека ништо не може да биде посилно од вас.
9. Синхронизирајте се
Јавете му се или пишете му на партнерот во текот на работното време. Проверете го расположението во текот на денот, за да знаете што да очекувате кога ќе се видите подоцна. Доколку неговиот ден е ужасен, неразумно е да очекувате дека ќе може да покаже ентузијазам за нешто добро што вам ви се случило – барем не во таа мера во која тоа го очекувате.
10. Покажете гордост поради фактот што сте заедно
Кај среќните двојки секогаш има некаков физички контакт помеѓу партнерите, без разлика дали е тоа држење за рака, повремено погалување, допири при зборувањето… Ваквото однесување не е фалење пред светот, туку едноставна потврда дека двајцата знаат оти припаѓаат во врската во која се.