10 најзлобни ликови на Дизни

1244594502.jpg Без разлика дали го мразите или сакате Дизни, факт е дека тие создале многу добри негативни карактери во текот на годините. Оваа листа посочува внимание на најзлобните карактери кои се појавиле директно од Дизни – на големото платно, без кои цртаните кои ги знаеме не би биле истите.

Без разлика дали го мразите или сакате Дизни, факт е дека тие создале многу добри негативни карактери во текот на годините. Оваа листа посочува внимание на најзлобните карактери кои се појавиле директно од Дизни – на големото платно, без кои цртаните кои ги знаеме не би биле истите. 

10. Stromboli – „Pinocchio“
10stromboli-jpg.jpeg
Големо, гласно и лошо – тоа прво ви доаѓа напамет кога помислувате на
Stromboli. Тој е бездушен шоумен кој ги користи марионетите за огрев
кога тие се веќе престари за изведба. Пасијата на овој куклар се парите
и кога го открива потенцијалот на Пинокио, го киднапира и го присилува
да работи за него.

9. Cruella De Vil – „101 Dalmatians“
9cruelladevil-tm.jpg
 Оваа жена која сака крзно е опасност за сите животни. Ќе направи се што треба, само за да ги дофати далматинците. Секој кој убива слатки мали кученца за пари е злобен според мене. Како да не биде злобна кога го има ова изјавено: „Poison them drown them, bash them on the head!“  (отрујте ги, удавете ги, удрете ги по главата)

8. Governor Ratcliffe – „Pocahontas“
8ratcliffe-tm.jpg
Овој гувенер „гладен“ за пари е еден од најалчните кои постојат. Не им верува на „дивјаците“ па им праќа луѓе да ги нападнат, бидејќи верува дека тие кријат злато кое тој толку многу го посакува. Дури и кога дознава дека Индијанците го немаат благотот, тој сеуште декларира дека мора  да се чуе „звукот на тапаните на војната“

7. Jafar – „Aladdin“
7jafar-tm.jpg
Злобниот волшебник е претставен како советник за време на целиот филм. Како и да е, тој поминува низ неколку трансформации. Ова вклучува: старец, султан, кобра и застрашувачки гение. Тој се преправа дека е верен советник на султанот со цел да му го заземе тронот и да завладее со  Agrabah.

 6. Lady Tremaine – „Cinderella“
6ladytremaine-tm.jpg
Превртливата маќеа психолошки ја злоупотребува Пепелашка. Таа безмилосно си игра со надежите и соништата на младата девојка, третирајќи ја Пепелашка како роб. Во обид да ја спречи Пепелашка да отиде на големиот бал, таа ја заклучува за никогаш да не го сретне принцот. Lady Tremaine успева да ја измачува Пепелашка, без да ја допре.

5. Shan-Yu – „Mulan“
shanyu2-tm.jpg
Безмилосниот водач на Хуните е решен да ја освои Кина. Тој и неговата армија се искачуваат на Големиот Зид и ја напаѓаат земјата за да ја докажат својата супериорност на Императорот. Shan-Yu не се колеба кога треба да одземе нечиј живот. Понекогаш и убива за своја забава. Ова е прикажано кога тој прашува: „How many men does it take to deliver a message?“(колку луѓе се потребни за да се испрати порака?), на што еден од луѓето одговара „еден“ и тој ја насочува стрелата кон едниот од двајцата кинески шпиони.

4. Ursula – „The Little Mermaid“
4ursula-tm.jpg
Овој манипулативен октопод има злобно хоби да собира души за тие да патат во мизерија. Таа манипулира со Ariel со лажни ветувања со цел да ја земе нејзината душа и на Кралот Тритон.


3. Scar – „The Lion King“
3scar-jpg.jpeg
Злобниот брат на Mufasa ќе стори се за да стане Крал на Pride Lands, па дури и ако треба да го убие својот роден брат и неговиот внук Simba. Иако тој успева да го убие само Mufasa, го убедува својот внук дека тоа е негова вина, оставајќи го Simba да живее со вина на совеста за смртта на неговиот татко, велејќи му: „run far away, Simba, and never come back.“ (бегај далеку, Симба и никогаш не се враќај)


2. The Queen – „Snow White and the Seven Dwarfs“
2thequeen-tm.jpg
Кога „најубавата од сите“ ја достигнува возраста кога убавината и бледее, таа сака да ја убие нејзината поќерка Снежана и бара да и се донесе нејзиното срце. Таа дури и користи магија за да се трансформира во старица, со цел да и даде отровно јаболко на наивната Снежана.

1. Maleficent – „Sleeping Beauty“
1maleficent-tm.jpg
Злобата на Maleficent не познава граници. Нејзината клетва врз Аурора е „Пред сонцето да зајде на нејзиниот 16 роденден, таа ќе се боцне со игла на вртило и ќе умре“. Со нејзините налик ѓавол – рогови, таа е најзлобниот негативец од сите. Ако не се согласувате, погледнете го зборот Maleficent во речник и дефиницијата ќе биде :„правење зло или лошо“.

- Реклама -