Избрани 10 најсигурни автомобили во изминатите 15 години

Британската осигурителна компанија Warranty Direct објави листа на 10 најсигурни и на исто толку најнедоверливи автомобили за последните 15 години.

Фирмата Warranty Direct направи навистина содржајно испитување,  нејзините експерти вреднуваа повеќе елементи не само бројот на дефектите на некој автомобил, туку и неговата вредност, километража, години на употреба, како и времето на употреба.

Специјалистите анализирале повеќе од 200.000 осигурителни полиси од 1997 година, кога компанијата создала индекс за доверливост (Reliability Index), па сѐ досега. Во него спаѓаат над 450 модели, а како најсигурен се покажал Mitsubishi Lancer, произведен од 2005 до 2008 година, кој добил само 6 казнени поени.

Топ 10 на најсигурни автомобили:

  1. Mitsubishi Lancer (2005-2008) 6
  2. Vauxhall (Opel) Agila (2000-2008) 8 3.
  3. Suzuki Alto (1997-2006) 9
  4. Toyota Aygo (2005 -) 10
  5. Honda HR-V (1998-2006) 16
  6. Volvo S40 (1997-04) 16
  7. Mazda MX-5 (2005 -) 19
  8. Mercedes E Class (2006 -) 20
  9. Toyota Yaris (1999-2003) 20
  10. Honda Jazz (2001-2008) 21
Прочитајте и:  Пад на продажбата на автомобили во Европа

Од Warranty Direct прецизираат дека вредноста на поправката кај луксузните автомобили има огромно влијание врз нивниот пласман, па затоа немаат премногу доверба кај сосптвениците. Таков е случајот со Mercedes-Benz SL, кој не се расипува толку често, но трошоците за неговата поправка го чинат недоверлив и го  вбројуваат на негативната листа.

Топ 10 на најнедоверливите автомобили:

  1. Audi RS6 (2002-11) 1.282
  2. BMW M5 (2004-11) 717
  3. Mercedes-Benz SL (2002 -) 555
  4. Mercedes-Benz V-Сlass (1996-2004) 547
  5. Mercedes-Benz CL (2000-07) 521
  6. Audi A6 Allroad (2000-05) 502
  7. Bentley Continental (2003 -) 490
  8. Porsche 991 (2001-06) 442
  9. Range Rover (2002 -) 440
  10. Citroen XM (1994-2000) 438
- Реклама -