Знамињата се симболи. Понекогаш го започнуваат животот на еден начин, а потоа семантички стануваат обременети, со што доаѓа и нивната контроверзност. Некои пак, уште од настанувањето се контроверзни. Ова е листата на 10 најконтроверзни знамиња во историјата.
Знамињата се симболи. Понекогаш го започнуваат животот на еден начин, а потоа семантички стануваат обременети, со што доаѓа и нивната контроверзност. Некои пак, уште од настанувањето се контроверзни. Ова е листата на 10 најконтроверзни знамиња во историјата.
10. Знаме – виножито
Ова знаме е настанато во 1978, а го создал уметникот од Сан Франциско – Џилберт Бејкер, како симбол на ЛГБТ заедницата. Истото ја симболизира разновидноста на лезбејската, геј, би и транссексуалната заедница. Во текот на годините претрпе многу ревизии во боите и нивниот распоред, но од 2008 година, општоприфатено е во формата која ја гледате на сликата. Контроверзноста доаѓа од фактот што оваа заедница и натаму останува свесно маргинализирана во најголем дел земји во светот.
9. Знамето на Ангус
Во 2007 година, 32 локални самоуправи во Шкотска решија да го заменат официјалното знаме на Шкотска со знамето на Ангус. По ова, следеше петиција, потпишана од преку 7 илјади луѓе со која се бараше враќање на старото знаме, зашто знамето на Ангус било беспотребно трошење време и пари. Компромисот бил најден во паралелното веење на обете знамиња.
8. Ѕвездата од Вергина (Сонцето од Кутлеш)
На 11 август 1992, Република Македонија го претстави своето официјално знаме – црвна основа, а на неа шеснаесеткрако жолто сонце, идентично со симболот пронајден во Вергина (Кутлеш). Набргу потоа, се активираше Грција со протести, блокади, ембарго, привремена спогодба и најпосле со промена на знамето, уставот и името во 1995 година.
7. Знамето на Иран од пред револуцијата
Знамето на Иран од пред исламската револуција е идентично со денешното, со различен симбол во средината. Старото го има монархистичкиот симбол – лавот со сабја и во денешно време се вее на протести против Ахмадинеџад, од страна на оние што заговараат враќање на монархијата.
6. Знамето на изгрејсонцето
Знамето на изгрејсонцето е јапонското воено (империјално) знаме. Најмногу било користено во Втората Светска Војна и непосредно пред неа. Денес, го користат одбранбените сили на Јапонија. Знамето е речиси идентично со државното, со таа разлика што има 16 зраци кои се шират од сонцето. Знамето е навредливо за некои народи, особено за Кинезите и Корејците кои беа жртви на јапонскиот империјализам.
5. Патриотското знаме
Патриотското знаме е симбол кој се користи од движењето за независност на Квебек (Канада).
4. Знамето на Европа
Знамето на Европа е знаме на Европската Унија и на Советот на Европа. Најчесто се поврзува со ЕУ, заради профилот и големината на организацијата. Прифатено е во 1985 година, а покрај симбол за унијата, се користи и како про-демократски банер надвор од Европа. Она што го прави контроверзно е евроскептицизмот и противењето на евроинтеграцијата од страна на некои структури.
3. Знамето на Ирак
Новото знаме на Ирак е идентично со старото, но на средината има нов натпис – Аllaahu e Akbar, т.е. Господ е голем. Контроверзноста доаѓа најмногу од поделеноста на нацијата и одбивањето на влада која владее со паралелното присуство на странски трупи. Дополнително, Сунитите се противат на отстранувањето на ѕвездите од знамето кои беа симбол на нивната доминација.
2. Знамето на конфедерацијата
Знамето на конфедерацијата за едни претставува потсетник на наследството на јужните држави во САД, додека за други претставува потсетник на робството и белата доминација.
1. Знамето на САД
Знамето на САД се состои од 50 ѕвезди (кои ги преставуаат 50-те држави) и 13 ленти (кои ги претставуваат оригиналните колонии кои му се спротиставиле на кралот на Англија). Во Америка, знамето стои како симбол на слободата и еднаквите шанси, додека во голем дел од остатокот од светот, на него се гледа како на симбол на сеприсутната американска воена машинерија и империјализмот. Многу протести на Блискиот Исток завршуваат со палење на знамето. Во поново време, многу протести во САД завршуваат со истиот потег, а врховниот суд пресудил дека тоа не може да се забрани зашто претставува форма на слободата на говорот, нешто што е загарантирано со првиот амандман.