10 најчудни фитнес справи

ФитнесКако што луѓето стануваат сѐ помрзливи и помрзливи, така и компаниите за производство на фитнес опрема започнуваат да вадат справи кои во најмала рака се чудни (а неретко и идиотски). Погледнете ја листата на десетте најчудни фитнес справи на денешницата.

Како што луѓето стануваат сѐ помрзливи и помрзливи, така и компаниите за производство на фитнес опрема започнуваат да вадат справи кои во најмала рака се чудни (а неретко и идиотски). Погледнете ја листата на десетте најчудни фитнес справи на денешницата.

sprava110. Prospera Surf

Оваа компјутерски оперирана платформа треба да создаде илузија дека сурфате и на тој начин да ги вежба мускулите на стомакот и грбот и истовремено да ви ја подобри рамнотежата. Она што најбрзо ќе го направи е да ви покаже како се чувствуваат сурферите кога ќе ги поклопи бран.

sprava29. Телефон тег

Овој бескорисен производ (како и многу слични пред него) ни доаѓа од Јапонија. Одличен е доколку имате проблеми да се откажете од телефонски разговори.

sprava38. Хавајски стол

Овој стол на некој магичен начин требало да ви ја подобри циркулацијата, рамнотежата и да ви го исправи ’рбетот. Само производителот знае како…

sprava47. Тресечки тег

Производот бил продаван како справа за жени. Замислете 6 минути дневно со движења напред-назад со тоа чудо в раце. Не дозволувајте никој да ве види додека вежбате…

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

sprava56. uGallop

Ова чудо ќе ви овозможи да ги добиете сите негативни страни од јавањето коњи без ниту една придобивка, а не морате ни да се приближите до коњ!

sprava65. Лента за трчање на велосипед?

Оној што го конструирал ова чудо со светлосни години ја промашил поентата на лентата за трчање.

sprava74. Kangoo Jumps

Kangoo Jumps ви овозможуваат да скокате повисоко, да се чувствувате како да газите на воздух при доскок, но нема да го ублажат падот кога ќе загубите рамнотежа.

sprava83. Фитнес коцка

Наводно, оваа коцка е справа која овозможува 30 различни вежби. Но, дури ни имагинацијата не дозволува да замислиме што би можеле да се прави со една коцка на 30 различни начини?

sprava92. Pumgo

Тротинет со стер мастер. Кој би можел да посака нешто повеќе?

sprava101. Справи за стомачни мускули

Ваквите „фитнес справи“ се убедливо најидиотските во историјата. Ветуваат рамен стомак без какво и да е вежбање. Првите модели кои изглегле на пазарот биле забранети поради лажно рекламирање. Подоцна, производителите извадиле „подобрена“ верзија и сега можат да ги измамуваат слабите карактери низ целиот свет.

- Реклама -