10 екстремно непрактични iPhone кутии

Пазарот за додатоци за iPhone е голем и станува се покреативен. Без разлика дали се уши од зајак или тајни прегради, кутиите еволуирале над обична заштита.Понекогаш дизајнот на овие кутии може да ја надмине оригиналната функција. Овие 10 iPhone кутии се толку непрактични што не би можеле на да ги ставите во џеб.

1. iPhone рака

Оваа кутија од Јапонија ви нуди рака за кога се чувствувате осамено.

2. iBooty “Booty Call”

Не е јасно кој би сакал да го украси својот iPhone со ваков додаток. Можеби некој кој не се грижи за својата професионална кариера.

3. Ретро iPhone кутија

Ако некогаш чувствувате носталгија за добрите стари мобилни телефони, тогаш оваа кутија би била совршена за вас.

4. Rick Owens Rock Case

Дали некогаш сте посакале да носите камен со себе?

5. Omniscient Siri

Оваа кутија, дело на SaGa Design ќе ве натера да зборувате со Сири, дури и ако не сакате.

6. Оклопна кутија

Иако екранот останува незаштитен оваа кутија ќе го заштити задниот дел од вашиот телефон со дебело парче челик.

7. iMeshi Kani Cover

Оваа кутија содржи „супер реалистично и одлично месо од рак“ кое може да го држи вашето пенкало кога не го користите. Најпосле!

8. Prince Charles Orange Ear iPhone Skin

Дали ќе слушате подобро? Не, бидејќи ова очигледно е лажно уво.

9. Candies Skate Deck iPhone Case

Ако ја користите оваа кутија би требало да носите заштитен шлем.

10. Game Grip

Ова е одличен додаток за „сериозните“ iPhone гејмери кој има доживотна гаранција.

- Реклама -