10-дневната диета на Мадона

Здравата исхрана е дел од начинот на живот на Мадона. Ѕвездата е обожавател на различни диети и хранливи режими. Погледнете една од диетите на Мадона со кои ѕвездата го прочистува организмот.

10-дневната исхрана на Мадона е строга исхрана, на кој не треба да се подложите, доколку сте болни , чувствувате замор или каква и да е форма на нерасположение.

Диетата  бара 1-2 недели подготовка , за да не го шокира организмот. Погледнете како да се храните според 10-дневната исхрана на Мадона.

Подготовка за диетата:

1-2 недели пред да започнете диетата на Мадона, треба да ги исклучите пченицата, јајцата, месото и млечните производи од менито. Ова е основата на макробиотичната диета кон која Мадона обично се придржува. Мадона става акцент на овошјето, се разбира во умерени количини. Откако ќе го  прилагодите организмот, можете да преминете на 10-дневната исхрана.

Ден 1

Појадок: Кафеав ориз. Овој појадок  доволно заситува што нема да имате потреба да ручате.

Ручек: Според нејзината диета тука ручекот може да се избегне, но доколку не можете да издржите нема да му наштетите на организмот со малку овошје.

Вечера: Супа од алги и порција варен јачмен

Ден 2

Во вториот ден Мадона се храни само со јаболка и различни суровини и зеленчук.

Прочитајте и:  Како да се изгубат 5-10 килограми до Божиќ?

Ден 3

Појадок: Мисо Супа

За ручек: –

Вечера: Порција тофу , приготвено по ваш избор

Во третиот ден треба да најдете барем 1 час за спорт.

Ден 4

Овошје. Мадона им става акцент на сините сливи . Во македонија, сепак, не е толку лесно да ги најдете во секоја сезона, затоа заменете ги со јаболка, портокали или грејпфрут . Плодовите се богати со овошен шеќер фруктоза и го полни  телото со енергија.

Ден 5 и 6

Во овие два дена Мадона му овозможува на телото да отпочине. Нема физички оптоварувања , нема ограничувања кај храната. Најважно е да јадете помали порции и почесто. Добро е повторно да се држите до принципите на макробиотичната диета и да не го оптоварувате организмот и стомакот со производи од животинско потекло и пченични производи.

Ден 7

Во овој ден Мадона јаде само тофу .

Ден 8

Во 8-миот ден нема ограничувања. Исхраната е како во ден 5 и 6.

Ден 9 и 10

Последните 2 дена на диетата се доста тешки . Во нив Мадона се храни само со алги и зеленчук . Тука треба повторно да се истакне  физичката активност. Одвојте барем 1 час за активни вежби . Заминете  во паркот или на патеката,правете склекови.

- Реклама -