Батеријата може да ослабне поради многу причини: прекумерна употреба на телефонот, старост на самиот уред, вируси или дури и дефект на самата компонента.
Сепак, не е сè мрачно, бидејќи сè уште има неколку работи што можете да ги пробате за да го продолжите животниот век на вашиот телефон.
Еден од најчесто слушаните, но занемарени совети е дека не треба да го оставате телефонот на полначот преку ноќ или да го оставите да се исклучи бидејќи е исцеден.
Вака се скратува животниот циклус на батеријата – можеби малку по малку, но со текот на времето и таа се акумулира и може да има негативен ефект. Најдобро е, се верува, да се држи наполнета од 20% до 80%.
Ако имате „iPhone“, можете да го поставите лимитот до кој сакате да се полни батеријата на вашиот телефон на следниов начин: Settings > Battery > Battery Health & Charging > Optimized Battery Charging.
Не постои една специфична патека за „Android“, но можете да ја проверите конкретната поставка вака: Settings > Battery > Battery Usage > Manage Battery Usage и видете што се нуди оттаму.
Фото: pexels