
Во инцидентот во трговскиот центар во Вотербери, Конектикат, повредени се пет лица, а полицијата уапси осомничен за нападот.
Според информациите од полицијата, тие не веруваат дека пукањето било случајно насилство. Напаѓачот, како што се наведува, ги познавал жртвите и на пукањето му претходела кавга, објави АП.
Во официјалното соопштение од полицијата се истакнува дека ситуацијата можела да има многу поголеми последици, доколку купувачите не се повлекле навремено.


