Со едноставни чекори до долготрајна батерија на вашиот паметен телефон

Батеријата може да ослабне поради многу причини: прекумерна употреба на телефонот, старост на самиот уред, вируси или дури и дефект на самата компонента.

Сепак, не е сè мрачно, бидејќи сè уште има неколку работи што можете да ги пробате за да го продолжите животниот век на вашиот телефон.

Еден од најчесто слушаните, но занемарени совети е дека не треба да го оставате телефонот на полначот преку ноќ или да го оставите да се исклучи бидејќи е исцеден.

Вака се скратува животниот циклус на батеријата – можеби малку по малку, но со текот на времето и таа се акумулира и може да има негативен ефект. Најдобро е, се верува, да се држи наполнета од 20% до 80%.

Прочитајте и:  Чешката ќе гради нови нуклеарни реактори

Ако имате „iPhone“, можете да го поставите лимитот до кој сакате да се полни батеријата на вашиот телефон на следниов начин: Settings > Battery > Battery Health & Charging > Optimized Battery Charging.

Не постои една специфична патека за „Android“, но можете да ја проверите конкретната поставка вака: Settings > Battery > Battery Usage > Manage Battery Usage и видете што се нуди оттаму.

Фото: pexels

- Реклама -