Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ се повлече од Мастерсот во Париз, објави „Спорт клуб“. Два дена по мечот против Рафаел Надал во Саудиска Арабија, најдобриот тенисер на сите времиња ја смени одлуката и реши да не се појави во Париз, каде минатата година ја освои титулата.
Па така, Новак ќе остане без 1.000 АТП бодови во трката за место на Завршниот Мастерс во Торино, на кој сè уште не му е загарантирано. Без разлика што играше во финалето во Шангај, на Ѓоковиќ сепак му недостигаат бодови за да се пласира на турнирот во Италија, кој исто така го освои лани.
Според неименуван извор, дури и да победи, постои можност Новак да не се ни појави на Завршниот Мастерс.
Во тој случај, со оглед на фактот дека нема да игра во Белград, многу реална е можноста Новак да ја заврши сезоната со дуел против Рафаел Надал. Мастерсот во Париз ќе започне за време на викендот, ќе трае до 3 ноември, а рекордот го држи Новак со седум освоени титули, девет настапи во финалето, три последователни титули (2013-2015), три последователни финалиња (вклучувајќи ја серии во 2021, 2022 и 2023 година).
Исто така, на тој престижен турнир, Ѓоковиќ одигра најмногу натпревари (59), оствари најмногу победи (50), „врза“ најмногу триумфи во историјата на натпреварувањето (17) и учествуваше дури 17 пати!