ПСК „Осогово“ го реализира 17.Петровденски марш со искачување на врвот Китка на Осоговските Палнини


Вчера се одржа 17. Петровденски марш во организација на Планинарско спортскиот клуб „Осогово“ – Кочани, при што педесетина планинари, рекреативци и вљубеници во природата зедоа учество и се искачија на врвот Китка (1903 мнв) на Осоговските Планини.

Стартот на маршот почна од манастирот Покров на Пресвета Богородица Еленец, село Горна Цера, Македонска Каменица. Се планинареше претежно низ шумска обележана планинарска патека на падините на Осоговските Планини. Патеката беше од средно-лесна категорија со вкупна должина од 14 км.

На враќање во манастирскиот комплекс Еленец организаторот на настанот за учесниците на маршот организираше планинарска дружба, со музика и традиционално планинарско гравче.

ПСК „Осогово“ – Кочани додели благодарници на учесници и помагатели на 17. Петровденски марш, како и благодарници за најмладиот и највозрасен планинар.

На маршот учествуваа претставници на планинарско – спортски клубови и рекреативци од регионот, како и љубители на планината.

Настанот се реализираше со поддршка на Општина Кочани, во рамки на програмата за одбележување на патронот на градот Кочани, Петровден.

- Реклама -