Почина првиот капитен на Ливерпул


Рон Јејтс, првиот капитен на англискиот фудбалски гигант Ливерпул, почина на 86-годишна возраст, објави англискиот клуб, опишувајќи го шкотскиот дефанзивец како гигант кој бил капитен на повеќе од 400 натпревари во 1960-те.

Фудбалерот роден во Абердин, кој го имал своето деби за „Црвените“ во јули 1961 година на 23 години и бил капитен по воведувањето на оваа позиција на клубот десет години. Неговиот рекорд од 417 натпревари како капитен на Ливерпул го надмина дури Стивен Џерард во минатата деценија.

Јејтс ја освои Првата лига двапати со Ливерпул и беше нивниот прв капитен што го освои ФА Купот кога го кренаа трофејот во 1965 година.

„Тој почина во петокот вечерта по долга борба со Алцхајмеровата болест“, соопшти Ливерпул.

- Реклама -