ПМФЛ: Шкендија славеше против Брера во Струмица


Во последниот натпревар од третото коло во ПМФЛ, Шкендија во Струмица славеше победа со 2:0 против Брера.

Се играше 47. минута кога Фитон Адеми ја погоди мрежата на домаќините. Истиот играч во 63. минута го постигна и својот втор гол на натпреварот за конечните 2:0.

Шкендија со овие три бода доаѓа до седум откако во претходните две кола имаше победа против Беса и реми со Работнички.

Брера од друга страна се наоѓа на 10. позиција. Струмичани во првите две средби го победија Вардар и беа поразени од Силекс.

- Реклама -