ОИ: Кинезот Ли освои злато во пиштол 25 метри брза стрелба


Кинезот Јуехонг Ли освои злато во дисциплината брза стрелба на 25 метри со пиштол на Олимписките игри во Париз.

Јуехонг Ли го победи јужнокорејецот Јеонг-јае Чо со 32-25 во финалето, додека бронзата му припадна на Кинезот Ксинџи Ванг во распукувањето пред Германецот Флоријан Петер.

За 34-годишната Ли ова е трет олимписки медал по бронзата во Токио и Рио де Жанеиро во оваа дисциплина.

Воедно, ова е прво злато за Кина во оваа дисциплина.

Бранителот на титулата Французинот Жан Киквампоа заглави во квалификациите.

- Реклама -