Грег Попович претрпел благ мозочен удар


Легендарниот кошаркарски тренер Грег Попович доживеа благ мозочен удар на почетокот на овој месец, официјално потврди во средата неговиот клуб Сан Антонио Спарс.

На вториот ден од ноември, пред гостувањето кај Минесота на домашен терен, 75-годишниот стратег доживеач мозочен удар и оттогаш не седи на својата позиција, тренер на тимот од Сан Антонио.

Клубот не објави ништо за неговата моментална здравствена состојба, ниту, пак, објави кога се очекува да се врати на тренерските обврски и дали ќе се случи такво нешто. Од првиот момент беше заменет со помошникот Мич Џонсон, кој потоа го предводеше Сан Антонио во шест натпревари во НБА лигата.

Американските медиуми пренесуваат дека Попович моментално е во процес на рехабилитација.

Попович тренерската кариера во НБА ја започна во Сан Антонио Спарс, каде прво беше помошник тренер, а потоа ја имаше истата функција и во Голден Стејт Вориорс. Од 1996 година до денес е тренер на првиот тим на Сан Антонио со кој испиша бројни златни кошаркарски страници.

Беше петкратен шампион во НБА: во 1999, 2003, 2005, 2007 и 2014 година, а во центарот на вниманието беше речиси исто колку и легендарното трио на паркетот составено од Тим Данкан, Ману Џинобили и Тони Паркер. Трипати беше прогласуван за најдобар тренер во НБА, а моментално го држи рекордот меѓу тренерите по бројот на победи во историјата на лигата, со 1.390 победи во регуларниот дел од сезоната. Како тренер оствари уште 170 победи во плеј-офот.

Попович ја предводеше американската репрезентација на Олимписките игри во Токио и со неа освои златен медал.

- Реклама -