Фудбалерите на аргентинскиот Расинг се победници на овогодинешното издание на Копа Судамерикана, второто најсилно јужноамериканско клупско натпреварување, тие во финалето во Асунсион го совладаа бразилски Крузеиро со 3:1 (2:0).
Расинг поведе со 2:0 со головите на Мартирена во 15. минута и Адријано Мартинез во 20. минута, Каио Хорхе на почетокот на вториот дел во 52. минута намали на 1:2, а Роџер Мартинез го постигна конечниот резултат со гол од контранапад во петтата минута од судиското продолжение.
За Расинг ова е прва титула во Копа Судамерикана, во своите витрини веќе има една титула во Копа Либертадорес од 1967 година, Интерконтиненталниот куп исто така од 1967 година и Суперкупот Либертадорес од 1988 година.