Звучна градина за вашето биро

garden02.jpg Оваа повеќенаменска постојана градина не само што ќе ги замени сите самолепливи потсетници и неуредни хартии разлетани по вашата работна маса, туку и ќе внесе малку гиковско зеленило во вашето секојдневие.


Оваа повеќенаменска постојана градина не само што ќе ги замени сите самолепливи потсетници и неуредни хартии разлетани по вашата работна маса, туку и ќе внесе малку гиковско зеленило во вашето секојдневие.

garden.jpg

Тоа што на прв поглед наликува на постоље со купче уши како оние на Шрек, всушност е гаџет кој ефикасно ги спојува информациите со релаксацијата. Ги организира сите ваши состаноци и обврски, врз база на податоците кои ги прима од вашиот компјутер, а во меѓувреме ве освежува со пријатни градинарски звуци.

garden2.jpg
garden8.jpg

За жал овој гаџет е сеуште само дизајнерски концепт. Сепак, убаво би било да се има помагало кое покрај тоа што ќе го средува вашиот дневен распоред, ќе умее да ве потсети дека има многу повеќе во животот од само напорна работа. 🙂
 
Повеќе слики, како и flash презентација погледнете на следниов линк

- Реклама -