Зошто вашиот сакан постојано гледа во други девојки

Уште одамна е утврдено дека жените ги привлекуваат мажите кои ги потсетуваат на нивните татковци затоа што на некој начин им изгледаат познато. Со мажите ситуацијата е поинаква. Нив ги привлекуваат девојки со поинакви особини, нешто што досега не го виделе и не им е познато.

Доколку вашиот партнер често гледа во други жени, не му се лутете бидејќи независно од вашиот став и однесување тој не може да си помогне на себе.WomanConcernedLookingAtMan

Имено, најновите истражувања на Универзитетот Стирлинг и Глазгов покажа дека тоа е проблем на еволуцијата, а заклучокот е донесен на основа на фактите.

Додека жените ги привлекуваат познати лица, мажите ги привлекуваат нови личности

Експертите сметаат дека главната причина за ваквото машко однесување е тоа што мажите еволуционарно се предодредени за репродуктивен успех и размножување со што повеќе партнерки.

Во текот на истражувањето во кое мажите гледале фотографии од разни жени, воочено е дека им се помалку привлечни лица кои ги гледаат по втор пат. На прв поглед одредени жени им биле особено привлечни, додека на втор таа привлечност драстично се смалувала.

„Мажите имаат своевидна наклонетост кон поголем број на партнерки. Ова го поврзуваме со нивната еволуционарна улога во репродукцијата. Тие чувствуваат дека поголемиот број на партнерки им носи поголема шанса за потомство“, истакнува главниот истражувач, психологот Антони Литл од Факултетот Стирлинг.

- Реклама -