Зошто мажите ги сакаат женските гради? (Галерија)

Двајца мажи се обиделе да одговорат на едно од вечните прашања – зошто мажите толку многу ги сакаат женските гради?

Лари Јанг и Брајан Александар, кои неодамна ја издале книгата “The Chemistry Between Us: Love, Sex, and the Science of Attraction”, посочиле на емотивните, биолошките и културните причини поради кои мажите ги сакаат женските гради.

Авторите веруваат дека хетеросексуалните мажи се толку фасцинирани од женските гради поради едноставниот хормон кој се испушта за време на доењето, а кој помага да се воспостави силна врска помеѓу мајката и бебето, но која подоцна служи и за да се создаде силна врска помеѓу љубовниците.

“Мажите се единствени мажјаци помеѓу цицачите кои се фасцинираат од градите во сексуална смисла. Жените се единствени женки помеѓу цицачите чии гради се зголемуваат во текот на пубертетот, независно од бременоста. Ние сме исто така единствениот вид во кој мажите ги галат, масираат и орално ги стимулираат градите за време на предиграта и сексот”, изјавил Јанг.

Истражувањето покажало дека стимулирањето на градите го зголемува сексуалното возбудување кај 82% од жените.

“Момчињата никаде не учат дека градите се нешто за кое што треба да се интересираат. Тоа е биолошки и длабоко всадено во нашиот мозок. Интересно е тоа што нашето истражување покажува дека мажите, доколку видат гради или пак нешто што само асоцира на гради, како што е градникот, несвесно почнуваат да прават лоши избори”, додал Јанг.

Еволуциските биолози веруваат дека, затоа што градите во најголемиот свој дел се составени од маснотии, тоа значи дека жената е здрава, односно дека е добар кандидат за раѓање деца.

Меѓутоа, авторите на истражувањето веруваат дека машката фасцинираност од женските гради е несвесна еволуциска желба која не тера за создавање на моќни љубовни врски.

- Реклама -