Зошто жените мамат?

Зошто жените мамат? Момци, сигурно многупати сте се запрашале – зошто жените мамат? Особено ако сте биле жртва на такво нешто. Следи едно интересно истражување кое ќе ви понуди неколку потенцијални одговори (се разбира, освен доколку жената во прашање не е некоја која што тоа го прави само затоа што може!).


Момци, сигурно многупати сте се запрашале – зошто жените мамат? Особено ако сте биле жртва на такво нешто. Следи едно интересно истражување кое ќе ви понуди неколку потенцијални одговори (се разбира, освен доколку жената во прашање не е некоја која што тоа го прави само затоа што може!).

Зошто жените мамат?Осамени се, иако се во врска

Чувството на осаменост е причината број еден за жените да побараат некој друг. Иако изгледа контрадикторно некој да е осамен кога е во врска, се случува. Таа може да се почувствува дека емоционално не е во врска со вас, особено доколку сте преокупирани со работата или пријателите и премногу долго ја оставате сама. Тогаш несомнено ќе побара внимание од некој друг. Направете баланс меѓу деловите од животот, за да избегнете несакани ситуации.

Мислат дека ги земате „здраво за готово“

Иако вам ви изгледа неверојатно важно да говорите за нешта како – како сте си го поминале денот, колку важно нешто сте сториле на работа или што треба да се исчисти / сработи низ дома; жените имаат потреба да зборуваат за подлабоки нешта – животни цели, сништа, планови за иднината, што сакате еден за друг. Градењето ваква интимност секогаш ја зацврстува врската.

Живеете одделни животи

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Можеби сте почнале врска со многу заеднички нешта, но со текот на времето сте дошле до ситуација да не правите веќе ништо заедно, т.е. да немате заеднички интерес. Ова е опасна ситуација и доколку забележите дека таа минува далеку повеќе време со другарките отколку со вас, направете напор, најдете нешта што можете заедно да ги правите. Во спротивно, нештата што ги прави со другарките, многу бргу може да почне да ги прави со друг маж.

Одмазда

Ако ве фатила како мамите, тогаш се чувствува повредено, одбиено, гневно! Треба да сте речиси сигурни дека ќе посака да ви врати за да компензира за тие чувства.

Хранење на егото

Понекогаш, кога жената се чувствува недоволно ценета, ќе започне да се гледа со некој друг, за да си ја зголеми самодовербата и да си го нахрани егото. Ако мисли дека не добива доволно внимание (или не на оној начин на кој таа го сака) тогаш ќе побара некој што постојано ќе ѝ ласка – а тоа, многу брзо може да добие физичка форма.

- Реклама -