Зошто всушнocт Македонија е дури 103-та на листата на Форбс за безбедност од коронавирусот?

Швајцарија е најбезбедна земја во светот во моментов од аспект на Ковид-19. Јужен Судан, пак, е најнебезбедна. САД се на 58-то место, веднаш зад Романија и две места пред Русија. Ова е ранкингот на анализата на 250 страници објавена од еминентниот магазин „Форбс“, според која Македонија е на далечното 103-то место, во не баш ласкаво друштво, за што дел од новинарите на денешната прес-конференција остро го критикуваа и претседателот на Комисијата за заразни болести – Жарко Караџовски. Основано или не, извлечете заклучок од текстот во продолжение.

Зошто е Македонија 103-та? Зошто е Германија втора? Зошто е Швајцарија најдобра во светот?

Како што и самиот „Форбс“ пренесува, извештајот е базиран на 130 квантитативни и квалитативни параметри и 11.400 клучни податоци во категории како: ефикасност на карантин, мониторинг и детекција, подготвеност на здравствениот систем и ефикасност на владата.

Анализата е направена од Deep Knowledge Group, конзорциум од компании и непрофитни организации во сопственост на  Deep Knowledge Ventures – инвестициска компанија основана во 2014-та во Хонгконг.

Еден од клучните фактори, меѓутоа, кој го потенцира и магазинот, е економската отпорност, односно стабилноста на економијата:

„Интересно, има значителна промена во ранкингот во текот на месеците откако трае пандемијата“, констатира Forbes. „Првично, земјите кои реагираа брзо на кризата и имаа високо ниво на итна подготвеност беа рангирани највисоко. Сега, земјите со отпорни економии се рангирани погоре на листата.

„Швајцарија и Германија ги постигнаа првото и второто место во оваа нова специјална студија конкретно поради нивната економска отпорност и поради внимателните начини на кои се обидуваат да ги релаксираат карантинските мерки и економското одмрзнување врз фактичка и научна основа, без да го ризикуваат јавното здравје и безбедност“, се вели во студијата.

Дополнително, Forbes нагласува дека ова е проценка на само една од многуте организации кои го проценуваат ризикот, додавајќи дека проценките можат да варираат меѓу различните региони и во самите нации.

За пример, еве како изгледа деталното бодување за Германија:

 

- Реклама -