Кај нив постои среќа и тоа поради принципите на кои одамна сме заборавиле. Истражувањата за среќа спроведена пред неколку години покажаа дека во Данска, Норвешка и Шведска живеат наjсреќни луѓе.
Скандинавците имаат правила со кои се придржуваат и токму поради тие правила тие се среќни секој ден.
1.Скромни се и ги почитуваат другите. Во нордиските земји познати се правилата:
– Немој да си мислиш дека си нешто посебно
– Немој да мислиш дека си најдобар на свет
– Немој да се убедуваш себе дека си подобар од другите
– Не мисли дека си поважен од другите луѓе
– Немој да им се смееш на другите луѓе.
– Не мисли дека од другите можеш да ги научиш на нешто.
Иако многу Скандинавци низ шега зборуваат, како овие правила се задолжени за пријателско и разумно општество. Скромноста и почитувањето на другите високо се цени. Овој закон го спречува општеството да биде арогантно и заповедничко.
2.Го ускладуваат службениот и семејниот живот. Скандинавците знаат колку е важно семејството. Многу канцеларии во Данска се затвораат во 17 часот. Никој од нив не работи прекувремено. Во Шведска, некои компании донесоа закон според кој работат шест часови дневно а се’ со цел поголема продуктивност и среќа на работникот.
Семејствата често одат во парк, практикуваат спорт, патуваат со своите деца и така одржуваат здрав однос дури и кога децата ќе пораснат и ќе осамостојат.
3. Семејството се сака со срце. Во Данска постои еден прекрасен израз кој значи собирање со семејството и пријателите во куќна атмосфера- hygge. Седење покрај оган во текот на ладните ноќи со своите најмили е нешто што сите со задоволство го практикуваат. Hygge значи подршка, солидарност, удобност во кругот на најсаканите луѓе
4.Реални очекувања. Една од најголемите тајни на среќниот живот на Скандинавците се реалните очекувања. Тоа не значи дека Скандинавците не сонуваат за постигнување на големи цели и дека не тежнеат кон нив. Семејството и пријателите им се основа за успех и подршка. Скандинавците се обидуваат да не се споредуваат со другите луѓе бидејќи тоа предизвикува незадоволство. Нивниот совет е: Престани да се споредуваш со другите и уживај во своите достигнувања, уживај во тоа што го имаш!