Порано важеше она старо правило „што е водата потопла, толку почисти се алиштата откако ќе се исперат“. ВажеШЕ.
Отсекогаш учевме дека шарените и црните алишта треба да се перат на 40 степени (Целзиусови), а белите и многу валканите на 60°C.
Но, според новите истражувања, перењето на алишта на 60°C е сосема непотребно. Како прва причина се наведува беспотребното трошење енергија.
Втората причина, што е и во основа на првата, е дека дури и најтврдокорните дамки можат да се исперат без проблеми на 40 степени, особено ако користите модерна машина за перење и течни детергенти – кои ќе ги отстранат сите нечистотии.