Зошто толку често ни се чини дека телефонот вибрира?

Патувате некаде и го чувствувате познатото “бзз-бзз” од телефонот во чантата. Го вадите и нема пропуштен повик, ниту порака.

Не сте единствените. Според неодамнешна студија 68% од испитаниците ги доживеале т.н. „Фантом вибрации “, со тоа што 87% од нив се изјасниле дека им се случува еднаш неделно.

Според Алекс Блажински од Универзитетот на Сиднеј тоа е предизвикано од случаен електричен импулс кој ги стимулира околните нерви и создава чувство за вибрација.

Лери Розан, професор по психологија од Калифорнискиот државен универзитет, има друго мислење.Во книгата iDisorder тој објаснува дека современиот човек секогаш е во очекување на некоја технолошка интеракција, особено во однос на мобилниот телефон – и неизбежно го толкува секој случаен стимул, на пример триењето на панталоните во ногата или повлекувањето на стол по подот, како телефонски повик.

Прочитајте и:  Мисли на хартија, идеи на екранот: Револуцијата на Moleskine

Бомбардирани сме од сетилни податоци , а мозокот треба да ја филтрира бескорисната бучава и да ги регистрира само најважните сигнали. Тој ги избира според она што се очекува да се открие, објаснува Мајкл Ротберг од медицинскиот центар Бејстејт во Мазачузетс.

Во праисторијата постојано сме се залажувале гледајќи ги стапчињата на периферијата како змии. Со денешниот техноцентричен став нашиот мозок може да интерпретира сè, од шушкање на облеката до кркорење на стомакот, како сигнал дека добиваме повик или порака.

- Реклама -