Во својата соба во Бон во Германија во 1985-тата еден човек со име Фридхелм Хилебранд испишувајќи случајни реченици и прашања на машина за пишување на крајот доаѓа до заклучок дека секоја од нив едвај да ја преминува границата од 160 карактери. Таа бројка подоцна ќе го постави стандардот на денешната најпопуларна форма на комуникација: SMS пораките.
Во својата соба во Бон во Германија во 1985-тата еден човек со име
Фридхелм Хилебранд испишувајќи случајни реченици
и прашања на машина за пишување на крајот доаѓа до заклучок дека секоја од нив едвај да ја
преминува границата од 160 карактери. Таа бројка подоцна ќе го постави
стандардот на денешната најпопуларна форма на комуникација: SMS
пораките.
Овој 45 годишен истражувач во полето на комуникациите и неколкумина други, во тоа време работеле на планот да се стандаризира технологија која ќе овозможи да се пренесуваат текстуални пораки преку мобилен телефон. Поради ограничувањата бежичната мрежа во тоа време – која најмногу се користеше за телефоните во автомобил – секоја порака мораше да биде што е можно пократка.
Пренесувајќи им ги заклучоците од своите, повеќе ненаучни, истражувања на комитетот во Глобалниот систем за Мобилни Комуникации, група која ги поставува стандардите на глобалниот пазар за мобилни, во 1986-та се усвои правилото дека сите мобилни мораат да го поддржуваат сервисот за кратки пораки ((short messaging service (SMS)).
Барајќи каде би можел да се одвива тој проток на податоци, Хилебранд дошол до идеја да се искористи секундарниот радио канал кој веќе постоел на мрежата на мобилните телефони. Овој канал се користел за известувања за јачината на примањето на информации на мобилниот телефон и за дојдовните повици. Гласовната комуникација сама по себе се одвивала преку одделен сигнал.
Најпрво тимот на Хилебранд можел да „смести“ само 128 карактери во тој слободен простор, но тоа изгледаше како да не е доволно. Но со намалување, скратување и одлуката да се намали бројот на симболите, буквите и бројките кои тој систем ќе ги претставува, се направило место уште за 32 карактери.
Останала сé уште дилемата дали 160 карактери ќе се покаже дека е доволно за да стане корисна форма на комуникација. Немајќи претходно направено истражување на пазарот, тие ги базирале нивните почетни претпоставки врз две „убедителни претпоставки“. Првата е фактот на разгледниците луѓето често пишуваат текст помал од 150 карактери. Второ, тие ги анализирале пораките праќани преку Телекс, тогашната актуелна телеграфска мрежа за бизнисмените, и дошле до заклучок дека ситуацијата е истата како со разгледниците.
Хилебранд никогаш не ни помислил колку брзо и колку универзално ќе биде прифатена оваа технологија. Она што најпрво беше замислено како портабилен систем за оние кои го користат својот автомобил како мобилна канцеларија стана културен феномен и популарен начин на комуникација за корисниците на мобилни телефони од сите возрасти.
„Кога ќе ја раскажам приказната за тоа како се дојде до бројката од 160 карактери сите претпоставуваат дека сум многу богат“ Но тоа не е така, тој не добива процент кога некој ќе испрати смс „Иако би било добро да е така“ вели Хилебранд.