Причината поради која што нозете смрдат се потта и бактериите кои поради се развиваат и произведуваат смрдливи и мрсни киселини. Познато е дека габите кои ги предизвикува атлетското стапало настануаат во топли и вжани подрачја, како што се местата меѓу прстите, а тоа може да доведе до уште поизразен и непријатен мирис.
Ако кожата меѓу прстите е црвена и влажна, веројатно имате габична инфекција односно атлетско стапало. Побарајте во аптека спреј против габи. Користете го 20 дена, по што симптомите ќе исчезнат. Доколку проблемот не сопре, побарајте помош од стручно лице.
Чорапи
Не смеат да бидат претесни, а многу е важно да ги менувате секој ден. Идеален состав на материјал за чорапи е 60-70 проценти волна во комбинација со 40-30 проценти влакна. Треба да избегнувате чорапи кои што не се памучни, бидејќи впиваат влага, па стапалата ќе биде постојано влажни.
Обувки
Избегнувајте да носите тесни обувки во текот на долг период, бидејќи поради синтетиката се идеални за смрдеа на нозете. Купете влошки. Експертите велат дека би било идеално, доколку сте во можност, да не носите исти обувки два дена по ред.
Спреј за нозе
Можете да го купите во аптеките. Некои содржат антибактериски својства, што ќе го спречи развојот на бактерии што предизвикуваат смрдеа.